Мајсторија на Горан Пандев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев вчера постигна феноменален погодок на првенствената средба против Верона, на која Џенова славеше победа со 3:1.

 

Пандев влезе од клупата за резервни фудбалери во 81. минута, а веќе во 93. минута следеше вистинска фудбалска магија на нашиот капитен кој од 15-тина метри го лобоваше гостинскиот голман, а по мечот истакна дека токму овој погодок можеби е неговиот најубав во својата кариера. Дефинитивно ова ќе биде гол на колото во Серија А, а веројатно ќе биде вметнат и во потенцијалните најубави голови на сезоната.

 

 

За Пандев овој погодок беше негов 80-ти во Серија А. Оваа бројка го смести Пандев помеѓу најдобрите 10 стрелеци во Италија кога во прашање се активните фудбалери.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video