Судот во Стразбур ја одби жалбата на Владата, Вранишковски може да ја регистрира ПОА

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во април 2018 година, ја одби жалбата на Владата на Република Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна.

 

„Судот во Стразбур пресуди дека државата е виновна што не нè регистрирала, бидејќи со тоа ја прекршила Конвенцијата за човекови права, која ја има потпишано. Владата се жалеше на Големиот Совет во Стразбур, но Советот, за многу кратко време, ја одби жалбата и ја потврди пресудата. Со таа пресуда, ќе поднесеме барање до судот за регистрација. Со оглед на тоа што Конвенцијата е над државното законодавство, судот ќе треба да нè регистрира“, вели владиката Давид од ПОА.

 

Во ноември 2017 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, т.е. ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи