Европски пари за енергетска ефикасност на домаќинствата

Facebook
Twitter
Email
Print

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку кредитна линија од осум милиони евра ќе финансира проекти за енергетска ефикасност во домаќинствата. Домаќинствата ќе можат да аплицираат со барања за инсталирање на прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација на домовите.

 

Предвидени се и грантови од ЕУ во вредност од 20 отсто од нивната инвестиција во енергетска ефикасност во домот. Со овие средства е предвидено да бидат опфатени 2.500 домаќинства.

 

„Во Македонија проценките се дека многу мал од домаќинствата имаат имплементирано енергетски ефикански мерки, некаде под 10 проценти и потенцијалот да се подобри енергетската ефикасност е голем. Верувам дека програмата што ја нудиме, која е дел од регионалната програма за подобрување на енергетската ефикасност во домовите во шесте земји од Западен Балкан ќе придонесе за заштеда на енергија и почиста животна средина со пониски сметки за електрична енергија“, вели Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кажа дека Македонија планира да ја намали потрошувачката на енергија за 14,3% во наредните неколку години. Посочи дека секое евро инвестирано во енергетска ефикасност штеди 2,2 евра во производство на струја. Ги повтори проектите на Владата во делот на обновливи извори на енергија.

 

„Домашните резерви на јаглен се на исцрпување. Осломеј три години е споменик, бидејќи нема јаглен. РЕК Битола се повеќе заликува на споменик зашто работи со два од трите блока, а со тек на време ќе работи со еден ако останеме само на домашните резерви на јаглен. Гас немаме, нафта немаме. Единствено имаме можност за обновливи извори на енергија“, изјави Кочо Анѓушев.

 

Средствата треба да им помогнат на домаќинствата да ги намалат емисиите на гасови и да го подобрат својот животен стандард.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи