Годишнина од нуклеарната катастрофа во Чернобил, несреќа што погоди над 8 милиони луѓе

Facebook
Twitter
Email
Print

Меѓународниот Ден во спомен на катастрофата во нуклеарната централа „Чернобил“, која се случи пред 32 години,  во 1986 година се одбележува низ целиот свет.

 

Експлозијата во нуклеарната електрана „Чернобил“ во Украина испрати радиоактивен облак низ големи делови на Советскиот Сојуз, денешни територии на Украина, Русија и Белорусија, при што на зрачење беа изложени околу 8,4 милиони луѓе.

 

 

Несреќата се случила при тестирање на безбедноста на реакторот во случај на прекин на електричната енергија.

 

Две лица загинаа во самата експлозија, а неколку десетици загинаа во следните денови, месеци и години од акутни последици од радијацијата и рак. Градот Припјат, кој се наоѓал во непосредна близина на Чернобил, денес е целосно напуштен.

 

Во 2016 година ОН го прогласија 26 април за меѓународен Ден за спомен на катастрофата во Чернобил, а во Русија и Белорусија има и национален ден на сеќавање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи