ВИДЕО: Во полн ек се подготвува парадата во Москва за „Денот на победата“

Руската армија и безбедносните сили во полн ек ја подготвуваат парадата на Црвениот плоштад во Москва која на 9 мај ќе се одржи на „Денот на победата“, односно ќе се одбележи официјалниот датум кога фашизмот во Европа во далечната 1945 година е целосно поразен со капитулацијата на Третиот рајх.

 

За таа цел во Москва ќе биде прикажано најмодерното оружје со кое располага армијата командувана од претседателот Владимир Путин, во препознатлив руски стил на парадирање и демонстрација.

 

 

 

На 9 мај се испраќа и симболична порака до сојузниците во Втората светска војна за значајниот придонес кој Русија со над 20 милиони жртви го даде во целосниот пораз на нацистичка Германија и нејзините фашистички соработници кои речиси ја окупираа Европа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien