ВИДЕО – Црквата на Трескавец во катастрофална состојба, потребна е итна конзервација и реставрација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Постои голема опасност да се урнат делови од црквата во манастирот Трескавец која потекнува од 12 век. На ѕидовите има големи пукнатини, фрескоживописот кој датира од 12, 13 и 14 век буквално се распаѓа. Цели делови од него паѓаат на земја. Иако лани кон крајот на годината се направија одредени зафати за превентивна заштита на црквата, сепак тоа не е доволно да се спречи понатамошното уништување на објектот. Процедурата оди многу бавно. Оваа слика во манастирот постои веќе со години, а државата е само нем набљудувач на оваа кастрофа.

 

 

Жално е тоа што црквата успеала да постои 900 години, а сега во 21 век дозволуваме да ни се урива пред нашите очи. Потребна е итна интервенција на институциите за да се заштити ова не само македонско туку и светско културно наследство. УНЕСКО го прогласи Трескавец за еден од 100-те најзагрозени споменици на културата во светот.

 

„Црквата е навистина во многу лоша состојба, тоа не е само наша констатација, тоа е констатација на „World monument fund“ од САД кои заедно со УНЕСКО во 2004 година го прогласија Трескавец и црквата како споменик на културата кој што е од светско значење и се наоѓа во опасност, односно „World heritage in danger“, така што од тогаш поминаа 14 години, а неможеме баш да се пофалиме дека нешто е сработено во црквата“, вели отец Калист, монахот кој живее на Трескавец.

 

 

 

Од Заводот и музеј Прилеп велат дека во тек било формирање на тимови кои ќе работат на проектот за конзервација на црквата. Тој проект требало да се изработи оваа година, а дури од наредната да се распишуваат тендери за да се започне со конзервацијата.

 

„Тука се инволвирани повеќе инстанци и државата и одредени стручни лица, од суета, од други причини, значи објектот беше свесно запоставуван последниве години. Ние години помиинавме, фрлавме пари за на други објекти, незначајни, а црквата е бисер на Балканот и дозволивме свесно да пропаѓа и живописот и самата црква“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и музеј Прилеп.

 

 

 

Во иста состојба се наоѓаат и старата трпезарија и магернициата кои и тие потекнуваат од 13 век. Инаку во манастирот српската фирма „Кото“ интензивно ги гради опожарените конаци. Проектот е вреден околу 2 милиони евра.

 

„Започнавме со работи кои се во крајна фаза како малтарисување, поставување на електричната инсталација, водоводот, се ѕида со камен, кровот е скоро готов, според динамиката планираме да завршиме со градба оваа година“, вели Никола Ѓулизибариќ, раководител на проектот.

 

Сепак најважниот дел од манастирот, црквата, не може повеќе да чека ниту минута, за да се спречи катастрофа потребно е побрзо реализирање на проектите, а не како досега.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video