Седумнаесет години од масакрот на македонските бранители кај Вејце

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска навршуваат седумнаесет години од масакрот на македонските бранители кај Вејце.  Од заседа свирепо беа убиени осуммина припадници на безбедносните сили.

 

Масакрот во 2001 го извршија припадници на ОНА, во период кога сите воени дејства беа прекинати. Комбинирана патрола од 16 припадници на безбедносните сили, осуммина од единицата „волци“  и осуммина од посебната единица на СВР Битола,  тргнала на задача од касарната во Тетово во четири возила. Откако патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина од три страни била нападната од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин ги дадоа своите животи во одбрана на Македонија.

 

Масакрот на патот меѓу Селце и Вејце на Попова Шапка, беше еден од најкрвавите и најбрутални настани од конфликтот во 2001 година. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца живи биле запалени. Роднините со години бараат одговорност за злосторството.

 

Денес во нивна чест делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на битолската полиција,  неколку спомен обележја како и на нивните вечни почивалишта.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video