„Ничија земја“ ќе го отвори 53-от МТФ „Војдан Чернодрински“, прилепскиот театар ќе настапи со „Клетници“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Дванаесет претстави ќе учествуваат на годинешното 53-то издание на театарскиот фестивал „Вoјдан Чернодрински“ во Прилеп. Според уметничкиот директор на фестивалот Катарина Хаџи Василева Коцевска претставите биле одбрани во конкуренција од над 30 претстави од сите театри во Македонија.

„Со големо задоволство истакнувам дека награда за животно дело се две големи имиња. Едниот е актер Петар Арсовски, другиот е големиот композитор Љупчо Константинов. Фестивалот ќе се отвори со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар, а за затворањето сеуште преговараме, бидејќи не можеме да кажеме дали во зависност од техничките можности може да се донесе таа претстава и неможам да ја кажам сега“, вели уметничкиот директор на фестивалот Катарина Хаџи Василева Коцевска.

 

Фестивалот ќе започне на 8 јуни, а ќе заврши на 15 јуни.

 

Катарина Хаџи Василева Коцевска, уметнички директор на фестивалот

 

 

Претстави во селекција на 53-тииот Македонски Театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“

 

 

  1. Клетници – Виктор Игро, режија Мартин Кочовски – Театар Војдан Чернодрински, Прилеп

 

  1. Жените – Роберт Томас, режија Ќендрим Ријани – Албански театар Скопје

 

  1. Ничија земја – Данис Тановиќ, режија Александар Морфов – Македонски народен театар – Скопје

 

  1. Бог на масакрот – Јасмина Реза, режија Нела Витошевиќ – НУЦК Ацо Шопов, Штип

 

  1. Крал Лир – Вилијам Шекспир, режија Диего де Бреа – Турски театар – Скопје

 

  1. Ужегнатост – Иван Вискочил, режија Владимир Милчин – независна театарска груша Артопиа

 

  1. Дони Дарк – Леонард Герш, режија Роберт Ристов – Театар комедија – Скопје

 

  1. Царот Владислав – Борис Јанков, режија Бранко Ставрев – НУЦК Антон Панов – Струмица

 

  1. Лет над кукавичјото гнездо – Дејл Васерман и Кен Киси, режија Ристо Алексовски – Драмски театар Скопје

 

  1. Еднаш свет изградив – по романот на Сидарта од Херман Хесе, текст и режија Јане Спасиќ – театар за деца и младинци – Скопје

 

  1. Тоалет за дами – Родолфо Сантана, режија Дејан Дамјановски – театар Јордан Х.К. Џинот – Велес

 

  1. Доктор Фауст – Кристофер Марлоу ( и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа), режија Андраш Урбан – Народен театар Битола

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи