Вработените во Еурокомпозит се сретнаа со Заев, договор нема, продолжуваат со протестот пред Влада

Вработените во државната компанија Еурокомпозит доцна попладнево се сретнаа со премиерот Зоран Заев, но не постигнале договор и најавуваат продолжување на протестите со шатори пред Владата се до конечно решение на проблемот. Ова за Инфо Компас го изјави претседателот на синдикатот Еурокомпозит, Роберт Богданоски.

 

„Попладнево се сретнавме со премиерот Зоран Заев, се согласивме во делот што тој ни го вети, 100 вработени за брзо време да заминат технолошки вишок и за 3 месеци компанијата да се продаде на странски инвеститор, но не можеме да прифатиме наредна плата да ја земиме дури за 30 дена. Тоа вработените не го прифаќаат, како што кажав и претходно денеска нас ни доаѓа на секои 3 месеци да земиме по една плата. Вработените се револтирани и продолжуваме со протестите пред Влада. Можам да најавувам дека и ќе го засилиме притисокот. Утре во Скопје на штрајк доѓаат уште 50 работници од Прилеп“, истакна Богданоски.

 

И вработените кои се останати во Прилеп најавуваат продолжување и засилување на протестите.

 

Инаку утре околу 11 часот Еурокомпозит треба да го посети турска делегација составена од директори на компании од наменската воена индустрија и државниот секретар во министерството за одбрана на Турција.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи