Мончи: Ако во ЛШ имаше ВАР, финале ќе играа Баерн Минхен и Рома

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Спортскиот директор на Рома, Мончи, беше исклучително бесен после испаѓањето на италијанската екипа од Лигата на шампионите, бидејќи поради тоа, меѓу другото, беа заслужни и бројните судиски грешки.

 

Мончи смета дека италијанскиот фудбал поради елиминациите на Рома и Јувентус е оштетен поради отсуството на ВАР во Лигата на шампионите, а исто така потенцира дека со право може оштетен да се смета и Баерн Минхен, во дуелот со Реал Мадрид, во кој не беа досудени два пенала.

 

„Примивме гол од офсајд на првиот меч, во вториот меч не добивме два пенала, од кои еден исто така беше и за црвен картон. Време е да го кренеме нашиот глас и тоа не само Рома, туку и Јувентус, затоа што имаа иста неправда против Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал мора да го крене гласот затоа што она што го видовме во Лигата на шампионите е шокантно. Со одлуките се игра со срцата на навивачите. Му честитаме на Ливерпул за пласманот во финалето, но мора да се види и како дојде до истиот. Шпанец сум, тука пристигнав пред една година, но време е да го кренеме гласот на неправдите. Не разбирам зошто ВАР не се користи во најважното натпреварување во светот. Не се прави штета само на економски план, туку се губи и страста. Нашите фудбалери во соблекувалната беа многу лути. Мора да ја воведеме технологијата во Лигата на шампионите, не знам зошто УЕФА чека уште на тоа. Навивачите се шегуваат дека ако имаше ВАР, финалето ќе беше Баерн Минхен – Рома. Но, тоа е вистината. Не е никаква шега“, изјави Мончи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи