САД излегуваат од нуклеарниот договор со Иран

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Американскиот претседател Доналд Трамп решил да се повлече од нуклеарниот договор на Иран, наведува новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на изјави на двајца претставници на Белата куќа.

 

„Ќе видиме што ќе се случи. Не ви кажувам што ќе направам, но многу луѓе мислат дека знаат. На или пред 12-ти ќе донесеме одлука“, изјави деновиве претседателот на САД Доналд Трамп.

 

Според истиот извор, постои мала шанса САД да останат на договорот, кој, доколку се случи, би се должел на потребата за задржување на добрите односи со Европската Унија и францускиот претседател, Емануел Макрон.

 

Според агенцијата, повлекувањето на САД од договорот, најверојатно, ќе предизвика одмазднички одговор од Иран – рестартирање на нуклеарната програма или удари врз американските сојузници во Сирија, Ирак, Јемен и во Либан.

 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерeш побара од Доналд Трамп да не отстапува од меѓународниот договор со Иран со кој земјата се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма. Говорејќи за Би-Би-Си, Гутереш рече дека постои реален ризик од војна ако договорот не се зачува договорот од 2015 година.

 

“Ние не треба да го укинеме ако немаме добра алтернатива”, рече Гутереш, додавајќи: “Се соочуваме со опасни времиња”.

 

Во 2015 година, Техеран потпиша договор со САД, Кина, Русија, Германија, Франција и Велика Британија. Иран се согласи  да ги ограничи своите нуклеарни активности во замена за укинување на економските санкции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи