Северна Кореја решително стои зад денуклеаризација, ќе ги уништи и интерконтиненталните балистички проектили

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му порача на министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји за време на средбата во Пјонгјанг дека Северна Кореја е решителна во врска со денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Ројтерс.

 

Се наведува дека Ванг му рекол на Ким дека Кина го подджува завршувањето на воената состојба на Корејскиот Полуостров и свртувањето на Северна Кореја кон изградба на економијата.

 

Посериозни преговори се очекуваат за време на состанокот на Ким со американскиот претседател Доналд Трамп овој или следниот месец.

 

Според јапонскиот весник „Асахи шимбун“Северна Кореја се согласила да ги уништи интерконтиненталните балистички ракети и да овозможи првпат инспекторски пристап до нуклеарните залихи.

 

Извори на весникот наведоа дека група експерти за нуклеарно оружје и ЦИА биле на крајот на минатиот месец во седумдневна посета на Северна Кореја.

 

Разговорите со експертите во Северна Кореја резултирале со согласност Пјонгјанг да го уништи својот арсенал на интерконтинентални балистички проектили, иако рокот за тоа се уште не е одреден, како и тоа што ќе добие Пјонгјанг за возврат.

 

Преговорите биле одржани како подготовка за состанокот на претседателот на САД Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи