Иранки се маскираа во мажи за да гледаат фудбалски меч

Пет Иранки маскирани како мажи успеаа да влезат на стадионот „Азади“ во Техеран и да навиваат во живо за фудбалскиот клуб Персеполис, кој се бори за титулата шампион на Иран.

 

Девојките, наместо вообичаената шминка, на лицата имаа залепени бради и мустаќи, а бидејќи во Иран на жените им е забранет пристапот до овие настани, нивните фотографии од стадионот побудија голем интерес и за кратко време се раширија на социјалните мрежи.

 

„Само еднаш досега бев запрена од обезбедувањето. Сега ги поминавме двете контроли во група и никој ништо не забележа. Дури кога седнавме на трибина, сите сфатија. Некои се сликаа со нас и ни дадоа поддршка“, вели таа.

 

Новинарката Масих Алинеџад, која е еден од основачите на Движењето за човекови права во Иран, овој гест на девојките го нарече „граѓанска непослушност“.

 

Една од девојките соопшти дека на ваков начин досега шестпати била на стадион.

 

Од Исламаската револуција во 1979 година во Иран на жените им е забранет влез на стадиони, односно гледање на фудбалски натпревари и други спортски манифестации.

 

Британско-иранската активистка Гонче Гавами беше приведена откако дојде да гледа машки одбојкарски натпревар во 2014 година, а во март годинава, 35 жени беа приведени откако се обиделе да влезат на стадион.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи