Србија ќе ги испитува последиците по здравјето на луѓето од нападите на НАТО

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ денеска предложи формирање на Комисија, која ќе има задача да ги истражи последиците по здравјето на граѓаните на Србија од нападите на НАТО врз земјата во 1999 година.

 

Според предлогот, главна цел на Комисијата ќе биде да утврди дали постои поврзаност меѓу нападите и зголемениот број на тешки и канцерогени заболувања меѓу српските граѓани.

 

Членовите на Комисијата би требало да ги утврдат и еветуалните штетни последици од нападите врз животната средина, пред се од употребата на бомби со осиромашен ураниум.

 

Комисијата би имала рок да го подготви првичниот извештај до крајот на 2020 година, а на секои шест месеци би требало до Парламентот да поденсува извештај за својата работа.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи