ВИДЕО – Во Прилеп одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито

Денеска во Прилеп беа одбележани 115 години од смртта на Гоце Делчев, 106 години од смртта на Пере Тошев и за прв пат после незавиноста на Македонија се одбележа 38 години од смртта на Јосип Броз Тито. Чествувањето започна во основото училиште Гоце Делчев, каде се положи свежо цвеќе пред споменикот на Делчев и каде учениците одржаа пригодна програма. Свежо цвеќе беше положено и на гробот на Пере Тошев и пред неговиот споменик.

 

 

„Тие се главни револуционери кои што ја даваат сржта на револуцијата на сите борци и револуционери на тогашна Македонија која била под турско ропство“, вели Љупчо Попоски, член на организација на борци Прилеп.

 

„Сето она за кое што се бореле тие, за кое ги дале сопствените животи, да ни биде мотив за просперитет и за да си го задржиме македонското национално единство“, изјави Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

За прв пат од незавиноста на Македонија, официјално во Участакот, местото каде на 11 октомври 1041 година започнала востанието против фашистите се одбележаа 38 години од смртта на Тито.

 

„Тито е многу заслужен за македонскиот народ уште во 1940 година на загребската конференција приизната е македонската нациија и народ како составен дел на тогашна Југославија. А постоењето и рамноправноста на сиите народи е потврдено во 1943 година на првото заседание на АСНОМ. Благодарејќи на ширината која што  ја имаше Тито ние опстоивме на овој дел на географска Македонија како република и се надеваме дека со здружени сили дека ќе опстоиме и понатаму“, истакна Круме Соколоски, претседател на организација на борци во Прилеп.

 

Од организацијата на борци истакнаа дека ќе поднесат и барање до Општина Прилеп да се направи копија од орденот за Град Херој кој Тито му го подари на Прилеп во 1975 година, а кој во 1993 година исчезна од Општина Прилеп и до денес не е пронајден.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи