Дескоска: Честото спомнување во реконструкцијата ми го отежнува работењето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Министерката за образование Рената Дескоска денеска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

 

Таа се пожали дека  постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН.

 

„Веќе трет пат ме реконструираат. Да почекаме набрзо ќе бидат познати решенијата што ќе бидат договорени. Инаку, цело време циркулирањето на моето име кога ќе се спомене реконструкција не ми го олеснува работењето во Министерството, бидејќи секогаш има една група која сака полежерно да работи и очекува дека ќе ме реконструираат. Така што, да почекаме за една недела – две, сигурно ќе се знае“, рече министерката Дескоска на прашањето во врска со спомнувањето на нејзиното име како кандидат да го преземе Министерството за правда, по промоцијата на специјалното издание на Уставот на РМ на брајова азбука.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи