Владата предлага сестрата на Катица Јанева да стане заменик во Комисијата за хартии од вредност

Facebook
Twitter
Email
Print

Со потпис на премиерот Зоран Заев, до Собранието е испратено барање во кое се предлага Лиле Делиџакова, сестра на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, да биде избрана за заменик претседател во Комисијата за хартии од вредност.

 

Од Владата велат дека Делиџакова и поранешната пратеничка на ДУИ, Нора Алити, се предложена поради нивното професионално искуство.  Во писмото се предлагаат и тројца членови – Зоран Колев, Кирил Јовановски и Душко Гошевски.

 

„Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство“

 

Документот е потпишан од премиерот Зоран Заев и е предложен до Собранието.

 

Делиџакова е од Гевгелија и е поранешна вработена во царината, од каде што добила отказ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи