Прилепчанец бил два пати премиер на Турција и десна рака на Ататурк

Прилепчанецот Али Фетхи Окјар роден во Прилеп на 29.04.1880 година бил еден од луѓето на кого Кемал Ататурк имал најголема доверба. Се запознаваат на военото училиште во Битола. Потоа Али Фетхи Окјар извршува повеќе државнички функции.

 

„По завршувањето на военото училиште и воената академија извршувал разни воени функции. Заедно со Кемал Ататурк бил член на тајната организација на младотурците. Во текот на својот живот извршувал високи државнички функции, меѓу кои: премиер на Турција и тоа два пати, претседател на турскиот парламент, министер за внатрешни работи, министер за правда, амбасадор на Република Турција во Бугарија, Франција и Англија, а бил и 5 мандати пратеник во турскиот парламент“, истакнува Рубин Белчески, историчар од Прилеп.

 

Али Фетхи Окјар починал на денешне ден, 7 мај, 1943 година во Истанбул.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи