ВИДЕО – Јованоски : Инвестираме во нова опрема, механизација, стационар за кучиња, се уредуваат парковите, намален е долгот

Испровоциран од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се искажани многу невистини, каде сме повикани со градоначалникот Илија Јованоски да кажеме што се сме ветиле на локалните избори, а што сме се исполниле. Сакам да ве известам вас почитувани граѓани, а и почитуваната советничка која што го држеше пресот. Ветивме одговорно, посветено, а пред се чесно и домаќинско работење, се во интерес на нашите граѓани. Истакна на денешната прес конферернција Звонко Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Тоа го правиме во овие 4 изминати месеци, тоа ги дава посакуваните, но и очекувани резултати. ЈКП Комуналец во првиот квартал работи позитивно, а споредено  со првиот квартал од 2017 година, има подобри резултати во сите сектори.

 

Имаме зголемена фактурирана вредност за 6%, зголемена реализација, односно наплата за 11.5%, зголемена ни е селекцијата на отпадот од пакување за 10%. Имаме и нешто намалено. Намалени ни се трошоците по сите основи, а најмногу оние трошоци кои минатата власт здушно ги правела. Тоа се трошоците за репрезентација, за службени патувања во земјата и странство, трошоци за реклами и сите други непродуктивни трошоци.

 

Кога стапив на должноста в.д. директор на Комуналец, во наследство ми беше оставено околу 50 милиони денари долгови, од кои 25 милиони неисплатено ддв, 24 милиони денари обврски кон доверителите, 1 милион денари земен аванс од фирма со која соработува ЈКП, 650 денари казна која моравме да ја платиме, 25 години просечно стар, истрошен и девастиран возен парк. Со одговорно и домаќинско работење долгот кон доверителите во првиот квартал се намали за 3 милиони денари.

 

Се набави нов трактор, кој веќе е пуштен да го собира сметот од јавно-прометните површини. Со заложба на градоначалникот Илија Јованоски и општествено одговорната компанија Прилепска пивара, Комуналец доби донација камион метларка, која веќе е пуштена низ улиците од Прилеп и со чија помош ќе се зголеми чистотата во градот, а ќе се олесни работата на комуналните работници. Благодарност на Прилепска пиварница и до нејзиниот менаџерски тим.

 

Веќе е распишан тендер за 3 нови специјални возила смеќарки. Напоменувам нови, не стари, не дотраени во кои треба веднаш после вложувањето да се вложи во нивно одржување.

 

Ветивме поголема чистота во градот и грижа за животната средина и тоа макдимално го правиме. Во месец април „Комуналец“ исчисти 5 диви депонии со над 600 м3 градежен и комунален отпад. Тоа последниве 2 години не се правело, продолжуваме и понатаму со зголемен интензитет.

 

Набавени се нови контејнери од 1 и 5 м3, кои се распоредуваат низ градот, т.е. старите и оштетении контејнери се заменуваат со нови. Веќе се поставени и новите игло контејнери за стаклен отпад. Набавени се нови косачки, избушен е нов бунар на ул. „5-та прилепска бигада“.

 

Веќе е завршен тендерот за новите канти за примарна селекција коии се наменети за распределба по населените места во Општина Прилеп. Досега се опфатени 13 села, со вкупно 582 корисници, на кои им се поделени 1.073 канти. После многу години и руралните средини ги вклучуваме во примарната селекција на отпад.

 

Централното градско подрачје хортиикултурно е потполно уредено. Заменети се оштетените тревни површини со нов бас на квалитетна трева, посадени се нови површини со украсно цвеќе, се кастри и крои зеленилото низ градот, обновени се сите жардињерии со украснии зимзелени дрвца. Улиците и плоштадите редовно се мијат.

 

Почитувана советничке го споменвте ветениот стационар за кучиња. Стационарот за кучиња е веќе готов, изграден по сите стандарди и прописи кои важат за ваков тип на објекти. Со иизградена амбулантна соба за нивен прифат лекување и хируршки интервенции. Покрај веќе постојните 3 стручни лица кои ги имаме во Комуналец овој месец ќе вработииме и лекар ветеринар. Кој ќе ја води целата потребна грижа за уловените кучиња. Овој стационар требаше да биде направен во претходниот период, но со наша посветеност го направивме за само 4 месеци.

 

Работиме професионално и посветено, отворени сме за секоја добронамерна забелешка. Спремни сме да добиеме критика, да ги прифатиме сите ваши идеи сугестии, само со една цел да ја подобриме нашата услуга кон вас. Ве повикувам заеднички да ја одржуваме чистотата на градот да си ја чуваме нашата животна средина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи