ВИДЕО – Царовска : Јас не одлучувам кој ќе биде примен на работа во градинките, туку самите градинки и општините

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Зошто поранешните вработени во градинката „Наша Иднина“ во Прилеп не го извадат тој допис каде јас укажувам кои лица треба да останат на работа. Вака денеска запраша министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на обвинувањата на поранешните вработени во градинката дека таа писмено одобрила договорите кои им завршувале на 31.12.2017 година да им се продолжат до 28.02.2018 година.

 

 

„Јас како министерка имам надлежност за само една работа, а тоа е да обезбедам согласности за вработувања или на определено или на неопределно време во сите градинки во Македонија. И тоа сум го направила да нема застој во работата на ниту една градинка во државава. Сум обезбедила и во декември согласнот и тековно на трајно упразнети работни места обезбедувам секој месец согласности и тоа се трудам да го правам најпрофесионално што можам. Кој ќе биде примен, кој остане на работа, дали ќе остане на работа, одлучува директорот, градинката и Општината. Затоа што надлежноста за тие прашања е на локално ниво“, истакна Царовска.

 

Поранешните вработени пак во детската градинка во Прилеп претходно на протест кој го одржаа на 16 март 2018 година пред Општина Прилеп обвинија дека дека иако имало решение од министерката Мила Царовска за да им се продолжат договорите прво до 28.02. а потоа да добијат на неопределено, тоа не било испочитувано. Според вработените, по закон требало да им бидат дадени решенија на неопределено време на сите кои имаат над 2 години работа во установата. Ова тогаш го истакнаа поранешните вработени :

 

„По истекот на договорот не ни се продолжени, иако имаше дојава од министерката да ни се продолжат договорите до 28.02.2018 година. Договорите не ни се продолжени и останати сме на улица. Не е праведно бидејќи министерката не е сослушана, бидејќи договорите нас требаше да ни бидат продолжени, а во случајов други се вработени на нашите места. Тоа го направи в.д. директорот, Орде Тодороски. Имаше оглас, претходно работеа само на збор, а после тоа им дадоа решенија“, рече Ане Тризагороска, поранешен садомијач во градинка „Наша Иднина“.

 

„Нашата тогашна директорка Благица Филипоска, која тогаш беше нелегална, објави оглас на кој што се примени сосема нови вработени, односно не го испочитува законот од министерката Мила Царовска. Потоа додека течеше огласот таа даде отказ и на нејзино место дојде книговодителот Орде Тодороски. Ние се прашуваме зошто во останатите градови на нашата држава се испочитува тоа и сите воспитувачи и останат кадар одат на работа до 28.02., само Прилеп и Битола останавме дома“, рече Татјана Камческа, поранешна воспитувачка во градинките „Наша Иднина“.

 

Поранешните вработени обвинуваат за политичка дискриминација и оставање неправедно на улица после години на работен стаж. Тогаш на протестот ги поддржа и лидерот на СОНК.

 

„Нашите извори кажуваат дека се примаат вработени кои што не ги исполнуваат условите кои се распишани на конкурси согласно законот за дејност, односно за детска заштита или основно и средно образование. Се примаат наши колеги кои немаат положено стручен испит, на место на тие што се отпуштени или не им е продолжен договорот, односно на конкурс не се примаат стручни колеги кои се квалификувани и имаат звање наставник. Се додека не се положи стручен испит немаме звање наставник и практично се примаат неквалификувани луѓе, спротивно на Законот за основно и средно образование“, истакна тогаш Јаким Неделков, претседател на СОНК.

 

Инаку директорот Орце Тодороски денеска при пуштањето на новата градинка во Прилеп во ООУ „Рампо Левката“ изјави дека денеска во градинките биле вработени со решение за неопределно време 12 лица, а претходниот месец по разни основи решение добиле 18 лица.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи