Владата го укинува временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата на Р.М  го прифати предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија.

 

Измените предвидуваат  укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

 

Како што појасни портпаролот Миле Бошњаковски, малопродажните места се уште ќе треба да имаат лиценца за продажба на алкохолни пијалоци, но нема да има временско ограничување на продажба, ниту пак ќе се бараат посебни услови во продавниците.

 

На бензинските пумпи нема да се продаваат алкохолни пијалоци, додека пак ќе биде дозволена продажба во киосците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи