Хјустон и Голден Стејт финалисти на Западната конференција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хјустон и Голден Стејт се финалисти на Западната конференција откако победија со идентичен резултат од 4-1 против Јута Џез и Њу Орлеанс.

 

Хјустон Рокетс победи против тимот на Јута Џез од 112:102, а беше предводен од Крис Пол, кој постигна  41 поен, највисоки во кариерата во плеј-оф разигрувањето. Покрај Пол, во тимот на Хјустон разиграни беа и Пи Џеј Такер кој даде 19 поени, Џејмс Харден додаде 18 поени додека Донован Мичел реализира 24 поени и Алек Буркс постигна 22 поени.

 

Голден Стејт Вориорс го победи тимот на  Њу Орлеанс со 113:104 и си резервира финале на Западот четврта сезона по ред. Најзаслужни за победата беа Стеф Кари кој постигна 28 поени, Кевин Дурент даде 24 поени и Клеј Томсон додаде 23 поени. Кај поразениот тим, најефикасен беше Ентони Дејвис кој одигра маестрална партија со дабл-дабл учинок од 34 поени и 19 скокови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи