ВИДЕО – О.К. „Златоврв“ од Прилеп се врати со 8 медали од Скопскиот маратон

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Околу 40-тина членови на О.К. „Златоврв“ од Прилеп во неделата учествуваа на Скопскиот маратон и од таму се вратија со 8 медали. Екипата на Инфо Компас направи интервју со четворица членови од О.К. „Златоврв“ кои учествуваа на овој маратон.

 

 

Членови на машиот тим од О.К. „Златоврв“ : Јован Тодоровски, Христијан Велески, Марио Котески, Михајел Ван Бален

Членови на машиот тим од О.К. „Златоврв“ : Елена Зисовска, Мери Чкрипеска, Ивана Настовска, Милена Чкрипеска

 

Промотер на трката беше Пола Редклиф која е сеуште актуелна рекордерка на дисциплината маратон.

 

 

 

МЕРИ ЧКРИПЕСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА О.К. „ЗЛАТОВРВ“ – ПРИЛЕП

 

 

Освоивте 8 медали на маратонот, по кој пат учествувате на него и какви се импресиите ?

 

На овој маратон учествуваме од 2011 година, маратонот се одржува традционално секоја прва недела од месец мај и можам да кажам дека секоја година организацијата е се подобра и подобра. Оваа година беше еден светски настан на кој учествуваа 10.000 луѓе, за кој што сите треба да земаат пример и треба да имаме повеќе вакви настани каде што луѓето ќе спортуваат, ќе се забавуваат и секако ќе се промовира спортот како нешто убаво, здраво и корисно, особено за младите. Имаше патека од 5 км, полумаратон, маратон и штафетен маратон. Нашите учесници на 5 км, најдобро место зеде Елена Јованоска која што беше 55-то пласирана во женска категорија, а Давид Трајкоски беше пласиран како 105-ти во конкуренција од 7.000 натпреварувачи. Значи на таа патека од 5 км. има најмногу натпреварувачи, а додека ние како тим од О.К. „Златоврв“ имавме машки и женски тим. Двата тима освоивме сребрени медали, односно второ место, во конкуренција од околу 100 тимови. Еден тим се состои од 4 членови и треба да ја истрча маратонската патека од 42 км. Женскиот тим беше многу блиску до победа, за некои 2 минути ја изгубивме златната медалја. Но сепка продолжуваме понатаму уште помотивирани за нови успеси.

 

 

 

 

Дали се потребни во Македонија да се одржуваат повеќе вакви манифестации освен Скопскиот маратон ?

 

Во секој случај потребни се повеќе вакви спортски манифестации за да оние кои тренираат би имале мотив да тренираат и да гии покажат нивните способности на некоја од трките. Можам да кажам дека во последниве 2-3 години трчањето и спортските настани земаат огромен замав во нашата држава, па така во секој град се организира барем трка од 5 км., но сега е тренд да се организираат и трките на 10 км. И исто така и полумаратонскиите трки на 21 км.

 

 

ХРИСТИЈАН ВЕЛЕСКИ, ЧЛЕН НА О.К. „ЗЛАТОВРВ“ – ПРИЛЕП

 

Трчањето станува се попопуларен спорт во Македонија се повеќе млади земаат учество во него. Колку време се подготвувавте вие за овој маратон ?

 

Ние се подготвувавме 3 месеци. Освен Мери имаме уште едне тренер од Белгија и тој ни дава програма за тие три месеци како да се спремиме се со цел да постигнеме подобар резултат.

 

Во што се состојат тренинзите, колку часови трчате во текот на денот, колку денови неделно ?

 

Неделно правиме 6 до 7 тренинзи. На почетокот на неделата имаме лесно трчање од околу 40 или 50 минути, после тоа имаме брзи тренинзии во вид на интервали итн.. Потоа повторно имаме лесно трчање со цел да се одмориме од тие напорни тренинзи и на крајот на неделата имаме долги трчања околу 15-16 км.

 

Каде се одвиваат најчесто вашите тренинзи ?

 

Моментално за Скопскиот маратон трениравме повеќе на рамно, кон стариот пат за село Лагово, на патот за прилепското езеро, на траката на стадионот кај градскиот базен.

 

 

 

 

 

Освен физичката подготвеност за овие маратони сигурно е потребна и добра психичка подготвеност. Дали за тоа има некој посебен режим на живот пред маратонот ?

 

Јас немам, едноставно сум мотивиран постојано преку тие 3 месеци исто и пред трката сум фокусиран и немам некој посебнн режим.

 

Колку време се занимаваш со трчање и ориентација ?

 

Со трчање и ориентација се занимавам 3 години. Тренирав прво 2 години, па одморав една година и сега повторно тренирам интензивно една година.

 

 

 

ЈОВАН ТОДОРОСКИ, ЧЛЕН НА О.К. О.К. „ЗЛАТОВРВ“ – ПРИЛЕП

 

Какви беа условите за трчање на скопскиот маратон ?

 

Па можам да кажам дека годинава условите беа тешки, температурата беше 28 степени. Претходниот ден имаше врнето така што имаше испарување и беше загушливо.

 

Каква беше конкуренцијата ?

 

Имаше голема конкуренција во штафетниот маратон, имаше околу 50 екипи. Ние освоивме 2 место.

 

Каде се движевте низ Скопје ?

 

Патеката беше рамна ии се одвииваше низ центарот на Скопје.

 

 

 

Какво е чувството да се учествува на една манифестација на која учествуваат 10.000 луѓе и на крајот ти да бидеш еден од оние кој ќе освои медал ?

 

Чувството не може да се опише, тоа е желба на секој еден спортист.

 

Колку време се занимаваш со атлетика ?

 

Се занимавам околу 3,5 годиин, но активно трчање на вакви трки 2 годинии.

 

Како се подготвувавте вие за овој маратон ?

 

Па да најмногу мора да се внимава на исхраната во текот на тие месеци додека се подготвуваме за маратонот.

 

 

МАРИО КОТЕСКИ, ЧЛЕН НА О.К. „ЗЛАТОВРВ“ – ПРИЛЕП

 

 

Која е врската помеѓу атлетиката и ориентацијата ?

 

За да бидете успешен ориентирец треба да бидете спремни и физички и да знаете добро да читате карта. Еве ќе направам една споредба сега моментално е европското првенство во ориентација во Швајцарија и на спринтот буквално одлучуваат секунди кој ќе биде во првите 3 места.

 

Кои се вашите понатамошни велии како клуб во однос на атлетиката и во однос на ориентацијата ?

 

Сега најпрво следува една домашна трка во Прилеп насловена како „Momata rocк trail“ на 20 мај, потоа следуваат тренинзи за младинското европско првенство во Бугарија, потоа следува младинско светско првенство во Унгарија, потоа светското првенство во Латвиа и наесен е Југоисточно Европско првенство. Потоа следува домашниот натпревар кој го организираме ние „Мемориијал Пеце Атанасовски“, па имаме трка во Прилеп, познатата „Krali Marko trаils“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи