Израел нападна ирански позиции во Сирија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Сириските државни медиуми објавија дека Израел извршил воздушни напади врз повеќе воени локации низ Сирија.

 

Околу 28 израелски авиони Ф-15 и Ф16 испалиле околу 60 воздух-земја ракети во масовниот напад во текот на ноќта во Сирија, според руското Министерство за одбрана, а биле истрелани и 10-тина проектили земја-земја.

 

Израелските сили ја бомбардираа територијата на Сирија два часа меѓу 1:45 и 3:45 по локално време во четврток. Нападот е извршен под изговор на наводите дека иранските сили претходно ги погодиле израелските цели во Голанската висорамнина. Израелските проектили уништиле позиции на противавионската одбрана, радари и складишта за муниција.

 

Штетата предизвикана на иранската воена и сириската цивилна инфраструктура од воздушните напади сѐ уште се проценува. Ова е најголемата ескалација уште од 1974-та година кога и официјално заврши израелско-арапската војна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи