Владата ќе формира извршно тело за безбедност во сообраќајот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Владата планира во следните шест месеци да формира извршно тело што ќе се грижи за безбедноста на сообраќајот.

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека во ова тело ќе бидат вклучени претставници од сите надлежни институции со цел да се намали бројот на жртви на патиштата низ Македонија.

 

„Побаравме до сите институции да испратат номинација на експерти кои ја познаваат оваа проблематика се со цел да формираме едно сериозно извршно тело кое ќе ги преземе сите мерки за да се надмине оваа ситуација која ја имаме моментално“, изјави Сугарески, пред денешниот состанок на Секторската група за транспорт на Република Македонија.

 

Тој додаде дека при носењето на одлуката за потребата од едно вакво тело биле земени предвид сите аспекти, посебно бројката од 160 до 200 жртви во сообраќајот на патиштата низ државата.

 

На состанокот на Секторската група за транспорт денеска ќе биде разгледана и програмата поврзана со секторот транспорт за периодот 2014 – 2020 година, финансирана од ЕУ во висина од 128 милиони евра од кои 108 милиони се обезбедени од ЕУ и 20 милиони од Буџетот на Република Македонија. Меѓу другото ќе бидат разгледани неколку крупни проекти како што се третата делница од железничката пруга Крива Паланка – бугарска граница и 23-те милиони евра грант средства за експресниот пат Градско-Дреново.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи