Русија се откажува од испраќањето на напредниот против-воздушен систем „С-300“ во Сирија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

После состанокот помеѓу Нетанјаху и Путин, Русија се откажува од испраќањето на напредниот против-воздушен систем „С-300“ во Сирија. Информацијата директно денес ја потврди висок функционер од Кремљ, помошникот на Путин, Владимир Кожин.

 

Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“ и руски „Известија“, Кожин порачал дека Русија нема да преговара со Сирија околу испраќањето на против-воздушниот систем „С-300“, затоа што смета дека еден таков ракетен систем на Сирија не ѝ е потребен.

Не е тајна дека израелскиот премиер Нетанјаху веќе подолго време лобира кај Путин за Сирија да не добие таква против-воздушна одбрана, затоа што во еден таков случај, израелските авиони би биле повеќе загрозени кога би изведувале воздушни напади на позициите на сириската и иранската армија во Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров после американскиот напад на Сирија порача дека Русија повеќе „нема морални пречки“ околу испраќањето на против-воздушниот систем „С-300“ на сириската армија, но сепак се чини дека и Русите се повлекоа после силните притисоци на Израел.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи