ФИФА планира создавање на нова мултимилионска Светска фудбалска лига

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повикал претставници на Барселона, Реал, Баерн, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и ПСЖ на преговори за формирање на Светска фудбалска лига на клупски ниво.

 

Тоа би било замена за Светското клупско првенство кое во моментов брои седум екипи, шампиони на сите континенти. Според информациите, ФИФА добила понуда од инвеститор за проширување на натпреварувањето и тоа може да им донесе многу пари на клубовите.

 

На почетокот на април „Њујорк тајмс“ објави дека инвеститори од Блискиот Исток и Азија понудиле 25 милијарди долари, за да се здобијат со правата врз два турнири на ФИФА. Предлогот беше за проширена верзија на Светското клубско првенство и нова глобална лига за национални тимови, за чие создавање се разговара во моментов.

 

Подоцна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино излезе со предлог за нова и проширена верзија на Светското клубско првенство, но не ги прокоментира информациите за тајните инвеститори. Плановите се првото издание на обновениот турнир да се одржи во текот на летото на 2021 година, а во него да учествуваат финалистите во Лигата на шампионите и победниците во Лига Европа во следните четири сезони.

 

Идејата е Светското клубско првенството да се одржува еднаш на секои четири години, а во него да учествуваат 24 тима. ФИФА очекува преку новиот формат, кој ќе вклучува 31 натпревари, турнирот да генерира приходи меѓу 650 милиони и 1 милијарда долари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи