ВИДЕО – Во Прилеп се одржа општинскиот натпревар по прва помош за основните и средните училишта

Денеска во Прилеп се одржаа традиционалните општински натпревари по прва помош, за основните и средните училишта. Вкупно учествуваа 9 екипи, 6 од помладокот од основните училишта и 3 од младина.

 

 

„Децата покажаа исклучително знаење денес, храброст и волја да учествуваат во такви активности, при што, бидејќи мораше да се одлучи по одредена скала и според бројот на поените, имавме прво место од страна на ООУ „Климент Охридски“ од помладокот, додека од младината прво место беше гимназиската екипа од Прилеп, така да гимназиската екипа е таа што ќе оди на државен натпревар во септември во Скопје“, истакна Натали Спиркоска Танеска, Црвен Крст Прилеп.

 

По 25-ти пат повторно прво место освои Гимназијата „Мирче Ацев“.

 

„Денеска се одржа натпреварот по прва помош во просториите на црвениот крст. Ние од Гимназија го освоивме првото место, значи традиционално како и секоја година, и во септември не очекува држаниот натпревар. Оваа година конкуренцијата беше послаба за разлика од другите години, бидејќи во другите години имаше повеќе екипи, но оваа година бевме само 3 и победивме“, истакна Веселина Шојлеска, ученик во Гимназија „Мирче Ацев“

 

 

Второ место беа учесниците од СОУ„Орде Чопела“, а трето од СОУ „Ѓорче Петров“.

 

„Доаѓаме од СОУ„Орде Чопела“. Го освоивме второто место на денешниот општински натпревар. Им честитаме на освоеното прво место на гимназијалците и се надеваме дека в година и ние ќе се закитиме со прво место“, рече Хари Димески, учесник во СОУ „Орде Чопела“

 

„Освоивме трето место, доаѓаме од училиштетот „Ѓорче Петров“. Бидејќи доаѓаме прв пат задоволни сме со нашата оценка и место. Вежбите се состоеа од прва помош, за да им се помогне сè додека не дојде брзата помош. Имаше фантом на кој се вежбаше, а имаше и вистински личности кои глумеа“, истакна Ивана Стеваноска, ученик во СОУ „Ѓорче Петров“.

 

Кај подмладокот и првото и второто место  го освои екипата од ООУ „Климент Охридски“.

 

„Ние сме ученици од ООУ „Климент Охридски“ и под раководство на наставничката Наташа Милеска Михајлоска првото место го земаме веќе трета година. Дадени ни се повредите, имаме повредени 3 лица и треба да се препознае повредата и ние да ја санираме, правилно како што треба“, кажа Лариса Кајџаноска, ученик во ООУ „Климент Охридски“.

 

„Овој натпревар се состои од искористување на првата помош на правилен начин, односно учење на како да се пружи прва помош кон сите лица и како да научат другите. Нашето училиште секогаш ги зема првите и вторите места“, рече Христијан Паноски, ученик во ООУ „Климент Охридски“

 

Третото место кај подмладокот го освои ООУ „Добре Јованоски“.

 

„Доаѓаме ООУ „Добре Јованоски“, освоивме трето место, задоволни сме и се надеваме следната година и подобро“, изјави Еди Семиноски, ученик во ООУ „Добре Јованоски“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien