Израелските сили убија над 30 Палестинци во Појасот Газа воочи отворањето на американската амбасада во Ерусалим

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Израелските сили убија најмалку 30, а над 1500 се повредени Палестинци кај граничната ограда на Израел со појасот Газа, каде денеска, воочи отворањето на американската амбасада во Ерусалим, Палестинците се собираат на голем протест.

 

Израелската армија соопшти дека повеќе од 12.000 жители на Газа демонстрираат на 12 различни локации долж границата, а илјадници други се собираат на неколку стотина метри од оградата. Демонстрантите палат гуми, фрлааат камења и се обидувааат да дојдат до безбедносната ограда. Неколку запалени змејови беа насочени кон Израел. Едниот паднал во поле во близина на Мефалсим, предизвикувајќи пожар. Израелските пожарникари и екипите за итни случаи се на местото на настанот.

 

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 1.600 лица се повредени и оти голем дел од загинатите се уште не се идентификувани, јави Си-Ен-Ен. Медиумите известуваат дека се слуша рафално огнено оружје, а очевидци соопштуваат дека израелски тенк се движел кон оградата во пограничната област Малака. Повредени има и откако израелски беспилотни летала испуштиле солзавец над толпата демонстранти.

 

Се очекува во текот на денот протестите да ескалираат на 70-годишнината од основањето на Израел, а ширум Појасот Газа од звучниците на џамиите Палестинците се повикуваат да се приклучат на таканаречениот „Голем марш на враќање“.

 

Протестот е дел од кампањата за уривање на блокадата на границата меѓу Израел и Појасот Газа која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската Амбасада во Ерусалим после одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја пресели амбасадата од Тел Авив во Ерусалим и откако го призна Ерусалим за главен град на Израел.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи