Карло Анчелоти ќе биде нов тренер на Наполи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Италијанските медиуми објавија денеска дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе има подготвено замена за актуелниот кормилар Маурицио Сари и тоа во Карло Анчелоти,

Како што објави „Калчо 24 Наполи“, само еден ден откако се појавиле првите шпекулации дека бившиот тренер на Баерн, Реал Мадрид, ПСЖ, Челси, Милан, Јувентус и Парма можно е да го наследи Сари, договорот веќе е постигнат помеѓу него и Де Лаурентис. Конечните преговори наводно треба да се случат идниот понеделник, иако некои меидуми шпекулираат дека тоа е можно да се случи и до крајот на оваа недела.

 

Откако Наполи ја загуби битката за „скудетото“, Де Лаурентис го обвини Сари дека е највиновен што титулата по три децении не дојде сезонава под Везув, па се поизвесно е дека соработката со актуелниот тренер ќе се прекине, иако Сари има желба под одредени услови (најмалку финансиски) да остане во Неапол.

 

Сепак кога на ова ќе се додаде тоа што сегашниот тренер на наполитанците Маурисио Сари постојано се поврзува со заминување и преселба во Премиер лигата и превземање на Челзи, тогаш информациите околу Анчелоти и не треба да не изненадуваат.

 

Последниот клуб на Карло во Италија беше Милан кого го водеше до 2001 до 2009 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи