Бостон триумфираше со 25 поени разлика, Леброн не е загрижен за дебаклот

Facebook
Twitter
Email
Print

Селтикс поведоа со 1-0 во финалето на Истокот откако утрово имаа одлична партија против Кливленд и славеа со убедливи 108-83

„Коњаницата“ најави дека доаѓа во Бостон со намера да победи барем на еден натпревар, но судејќи по она што се случуваше утрово во ТД Гарден, Леброн Џејмс и дружината ќе треба добро да се помачат.

 

Селтикс моќно ја отвори финалната серија и со триумф од 25 поени разлика поведоа со 1-0. По почетното испитување на силите, Бостон почна да диктира темпо и стигна до +20 пред крајот на првата четвртина.

 

Домаќините без проблеми ја одржуваа оваа висока предност во продолжението од мечот, Кливленд никако не успеваше да влезе во ритам и да фати приклучок. Леброн Џејмс имаше една од послабите партии, а „Кралот“ немаше ниту помош од соиграчите па тоа резултираше со триумф на Бостон од 108-83.

 

Браун со 23 поени беше прв стрелец на Бостон, Маркус Морис реализираше 21 поен, а Хорфорд еден помалку.

 

Лав со 17 поени беше најдобар поединец кај Кливленд, а Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 15 поени изјави дека воопшто не е загрижен поради дебаклот кој го доживаја.

 

„Ни малку не сум загрижен во оваа фаза. Не се запишав на колеџ, така што ова не е „мартовско лудило“. Знаеме дека во оваа серија ќе одигра многу поквалитетни мечеви од овој. И во минатото сме губеле со 1-0 или 2-0, па на крај ние слававме. Затоа не сум загрижен, без разлика колку лош меч одиграв вечерва“, изјави Леброн по натпреварот.

 

Вториот меч од финалната серија на Истокот, повторно се игра во „ТД Гарден Арена“ во Бостон, в среда со почеток од 2.30 часот по полноќ по средноевропско време.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи