ВИДЕО – Бистата на Тито вратена во поставката на Участакот, ќе се прави и копија од Орденот за Народен херој на Прилеп

Од пред неколку денови бистата на Јосип Броз Тито е вратена во поставката на Участакот во Прилеп. Бистата била отстранета од своето место каде била со години кога се реконструирал музејот во 2011 година. Директорот на Завод и Музеј Прилеп Благоја Атанасоски изјави дека со овој чекор се исправала една неправда нанесена кон ликот и делото на Тито за кого пак историјата ќе кажела дали тој бил важен за Македонија или не.

 

 

„Во претходната поставка бистата постоеше, но во текот на обновата на Участакот и преорганизирањето на поставката за жал морам да напоменам дека бистата беше тргната, од кои причини незнам, но таа е дел од поставката и концепцијата на Участакот. Ние сега се потрудивме да ја исправиме таа неправда, неправда како личност која е врзана за нашата историја. Дали Тито е важен за Македонија или не ќе покаже историјата“, истакна Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

 

Атанасоски нагласи и тоа дека во постапка било правење на копија од Орденот за Народен херој кој што Тито во 1975 година му го дал на Прилеп како Град Херој. Инаку оригиналниот Орден исчезна од просториите на Општина Прилеп, според кажувањата на боречката организација, некаде во 1993 година и од тогаш не е пронајден.

 

„Ние во состав на оваа активност се потрудивме на најдеме документација за тој орден за кој постои документација, фотографии, оригинални записи како изгледал Орденот. Стапивме во контакт со фирма во Скопје која што ги изработува тие обележја. Орденот е испратен со документација за него и ќе направиме напор да се направи копија, една која ќе стои тука во музејот и една во локалната самоуправа. Се очекува ова лето да биде готов Орденот“, додаде Атанасоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи