Рускиот претседател, Владимир Путин, денска го отвори огромниот мост што Крим ќе го поврзува со Русија и ќе ја намали сообраќајната изолација на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година.
Кримскиот мост е долг 19 километри и чини околу 3,7 милијарди долари. Минува преку Керчкиот премин, кој Азовското море го раздвојува од Црното и ги поврзува полуостровот Керч на Крим со југот на Русија.
Засега мостот има четири сообраќајни ленти, а во најава се и две железнички пруги.
Путин изјави дека мостот ќе го интегрира Крим во рускиот транспортен систем и ќе создаде можности за економски развој.
96