САД го блокираа барањето на ОН за истрага за масакрот во Газа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

САД го блокираа усвојување на коминике во Советот за безбедност на ОН со кое се повикува на итна истрага за вчерашните смртоносни судири во Појасот Газа.

 

Во отфрлениот текст Советот за безбедност ја изразуваше својата вознемиреност од смртта на палестинските цивили, кои го користеле своето право на мирен протест. Во текстот се бараше независна и транспарентна истрага за трагичните настани.

 

„Советот за безбедност потврдува дека секоја одлука или потег кој претендира да го промени карактерот, статусот или демографскиот состав на светиот град Ерусалим нема никакви правни последици и треба да биде спречено согласно соодветните резолуции во Советот за безбедност“, се наведува во блокираниот документ.

 

Над 40.000 Палестинци вчера учествуваа во протести во Појасот Газа во близина на границата со Израел против преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Според последни податоци, израелските вооружени сили убиле најмалку 58 и повредиле 2.771 Палестинци, соопшти палестинското Министерството за здравство. Вкупно 1373 од повредените имале прострелни рани.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи