Турција ги повлекува амбасадорите од САД и Израел

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одлучи да ги повлече амабасадорите на својата земја од САД и Израел, обвинувајќи ги властите од Тел Авив за „државен терор“ и „геноцид“.

 

Оваа реакција на Ердоган доаѓа после вчерашните судири на границата помеѓу Израел и Појасот Газа, судири кои што резултираа со 58 убиени Палестинци и над 2,700 ранети.

 

Според информациите кои што ги пренесоа неколку турски медиуми, Реџеп Таип Ердоган ги повикал амбасадорите на консултации после вчерашните судири во Појасот Газа. Оваа одлука е донесена откако беше прогласеа тридневна жалост поради убивањето на 58-те Палестинци кои што насилно протестираа на границата со Израел поради отворањето на САД на амбасадата во Ерусалим.

 

„Турција на ова остро ќе одговори. Ги повлекуваме амбасадорите од Тел Авив и Вашингтон поради консултации. Исто така, ќе предложиме итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ќе разговараме со лидерите на многу земји“, изјави за „NTV“ Ердоган кој што моментално се наоѓа во посета на Велика Британија.

 

Ердоган нагласил дека во Турција е прогласена тридневна жалост поради трагичните настани во Палестина. Сепак, иако порача дека „Турција ќе одговори остро“, сепак Ердоган не откри кои чекори ќе ги превземе и што Турција може да стори против големите сили како што се САД и Израел.

 

Исто така, во текот на вчерашниот ден Јужна Африка исто така го повлече својот амбасадор од Израел, а во соопштението беше напоменато дека одлуката за повлекување стапува на сила веднаш и таа ќе трае на неопределено.

 

Како што соопштија од Министерството за здравство на Палестина, 58 лица го загубиле животот во пресметките со израелските безбедносни сили, додека пак над 2,700 лица биле ранети.

 

Станува збор за најкрвавиот ден од почетокот на судирите помеѓу движењето Хамас од Палестина и израелските вооружени сили кои што ескалираа во 2014-та година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи