ВИДЕО – Тодороски : Во градинката „Бончејца“ ќе се прави ботаничка градина

Чекот по чекор ги надминуваме проблемите во детските градинки „Наша Иднина“  во Прилеп за згрижување на децата во нашата установа. Во нашиот круг се започнува еден нов проект, засадување и реализација на ботаничка градина. Ова денеска на прес конференција го изјави, директорот на градинките Наша Иднина од Прилеп, Орце Тодороски.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Се со цел децата да можат да се запознаат како се засадуваат одредени култури, како се грижи за нив, како се наводнуваат и сето тоа со единствена цел за нивна едукација. Ваков проект ќе има и во градиинката „Гоце Делчев“. Но од помал обем. Таму денеска се засадуваат 30 садници со цвеќиња. Во градиинката „Работнички“ имаме нов парковски површини и засадување исто така на 30 садници со цвеќиња. И во „Аличаир“ засадени се 30 садници, што значи вкушно се засадени се 200 садници со цвеќиња и донација од ели, смереки и борчиња.

 

Донација имаме и на нова ПВЦ дограма, донирана од еден родител, вредна 2.000 евра.

 

Сакаме сето ова да го поткрепиме со новите заложби на Владата и Светска банка за што ќе бидат дадени 35 милиони долари за надминување на проблемите од околу 8.000 деца во Македонија кои се ставени на листа за чекање за прием во градинките. За ова градоначалникот подготвува соодветна документација за изградба на нова градинка во населбата Точила и возобновување на постојните.

 

Оваа прилика ја користам исто така дека одредени портали во нашиот град пишуваат за приме на деца по партиска основа. Тоа не е вистина и е груба манипулација на одредени медиуми и опозицииони партии“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи