ВИДЕО – Зголемување на соработката помеѓу чешките и прилепските компании

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Зачленување и вклучување на прилепските компании во електронската база на податоци на компаниите од Чешка за подобра соработка и поголема трговска размена во идинина. Ова беше еден од главните предлози за кој се разговараше на средбата помеѓу чешкиот амбасадор, Мирослав Томан, и претставниците на Регионалната стопанска комора од Прилеп. Системот би овозможил зголемување на непосредните средби на компаниите.

 

 

„Тоа е еден информациски систем во нивната земја каде сите компании можат да бидат претставени и да бидат достапни за компаниите од чешкиот пазар кои се интересираат за соодветните компании од Македонија. Имавме одлична дискусија со претставниците на домашните компании, некои кои веќе имаат искуство со работа во Чешка, а некои пак беа кои очекуваат понатамошна соработка. Се надевам дека помошта ќе биде добредојдена и соработката ќе ја унапредиме“, истакна Горан Попоски, извршен директор на Рефионална стопанска комора Прилеп.

 

Инаку трговската размена за 2017 година помеѓу Македонија била околу 178 милиони долари, од кои 117 милиони се увоз, а извоз само 61 милион.

 

„Мило ми е што денеска на оваа средба беа присутни едни од најголемите компании во овој регион со кој разменивме интересни податоци за можни соработки. Инвестирање на чешки пари во Прилеп и другите градови каде што имаме вакви посети ќе биде цел и задача не само на Амбасадата туку и на дел од чешките министерства кои се задолжени за проширување на соработките кои се од интернационален карактер. Министерството за надворешни работи при Р. Чешка не само што ги поддржува и се занимава со  културни и едукациски делови туку во последно време дава акцент на соработката на економски план. Во рамките на чешката амбасада има отворено и работно место кое што е посветено токму на оваа соработка, помеѓу чешките и македонските фирми, увозно-извозно ориентирани во двата правци во двете држави. Така да се надевам дека тие проекти кои што се можни, кои можат да се сработат и кои ќе бидат сè повеќе и повеќе и дека ќе се прави сè подобра соработка помеѓу двете земји. Пример од тоа би имала текстилната индустрија, која во Чешка има голема традиција и денес разговаравме со претставници од текстилната индустрија тука и мислам дека на тоа поле би можело да најдеме добри проекти и да имаме некаква соработка. Друга можност би можела да биде и македонскиот мермер. Денеска слушнав дека имало соработка помеѓу македонските фирми за мермер и градбата на чешкото метро, така да доколку таа соработка се продлабочи би била добра реклама, не само за мермерот, туку и за Македонија“, истакна Мирослав Томан, амбасадор на Чешка во Македонија.

 

Претходно амбасадор на Чешка во Македонија ја посети ии Општина Прилеп.

 

„Заедничка беше констатацијата дека треба да имаме економска, стопанска соработка помеѓу двата народа. Исто така културниот момент не изостанува и туризмот кој што заеднички се договоривме во иднина дека треба да се остварува. Се договоривме  и за заеднички проект што треба да го направиме заедно, за преквалификација на некои наши млади кадри, за да можат да останат кај нас во Република Македонија, што помалку да имаме одлив на наши мозоци, наши млади кадри што заминуваат надвор од нашата држава“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи