Ламборџинито на папата продадено за 715.000 евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пред аукцијата за продажба на специјалниот Хуракан кој Ламборџини му го подари на папата Франциско, се проценуваше дека автомобилот ќе постигне цена од 250.000 до 350.000 евра. Меѓутоа, очекувањата беа надминати и луксузниот автомобил беше продаден за 715.000 евра.

 

Специјалниот модел на Ламборџини е направен во одделението за персонализација на италијанскиот произведувач. Автомобилот е офарбан во бела боја, со златно жолти детали во чест на државните симболи на Ватикан.

 

Внатрешноста е кожна со црни и бели детали. Кога станува збор за моторот, тој остана непроменет во однос на регуларниот Хуракан, со агрегат кој произведува 580 коњски сили.

 

 

Папата Франциско кон крајот на 2017 година, кога го доби ова возило, го благослови автомобилот и се потпиша на овој единствен модел.

 

 

Парите од аукцијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи