Северна Кореја се закани дека ќе ја откаже средбата со Трамп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Претставници на Северна Кореја најавија дека би можеле да се откажат од самитот со американскиот претседател Доналд Трамп доколку САД унилатерално инсистира Северна Кореја да се откаже од нуклеарното вооружување.

 

Долгоочекуваниот состанок помеѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун треба да се одржи на 12 јуни во Сингапур, но во лутата изјава на министерот за надворешни работи на Северна Кореја тој напомена дека „САД даваат недефинирани изјави кои содржат злобни намери“. Тој конкретно го впери прстот кон советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон.

 

„Ние не ги криеме нашите чувства на одбивност кон Болтон. Трамп ќе биде запаметен како неуспешен претседател доколку продолжи да оди по стапките на своите претходници. Ние соодветно ќе ѝ одговориме на американската администрација доколку таа покаже намера за подобрување на односите. Но, ние нема да бидеме заинтересирани за преговори, ако нивна цел е да бидеме притиснати и да ни се наметне еднострано барање да се откажеме од целото наше нуклеарно оружје. Ако продолжи ова, ние ќе бидеме принудени да размислиме дали ќе ја прифатиме средбата“, изјави Ким Кје-Гван.

 

Оваа изјава дојде набргу откако Пјонгјанг објави дека ги откажува преговорите со Сеул, само два часа пред тие да почнат, во знак на протест против заедничката американско-корејска воена вежба, на која учествуваат над 100 авиони од двете земји.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи