Јенс Столтенберг: Дијалог меѓу НАТО и Русија е можен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Зајакнување на врските на НАТО со Русија е можно и треба да се бараат начини за воспоставување дијалог со неа, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг во интервју за денешниот број на францускиот весник „Фигаро“.

 

„Русија останува наш сосед и ние сакаме односите со неа да не стигнат до нова Студена војна, ниту до нова трка во вооружувањето. Продложуваме да се стремиме кон дијалог со Русија, така што сметаме, дека тој е возможен. Лично се уверив во тоа додека бев премиер на Норвешка“, рече Столтенберг.

 

Тој истакна дека односите со Русија треба да се подобрат и да се бараат начини за намалување на ризиците за инциденти, кои при сегашната тензија може да доведат до појава на опасни ситуации.

 

„Русија го засилува својот став и ги модернизира своите вооружени сили, а особено нејзиниот нуклеарен потенцијал, во големи размери“, рече шефот на НАТО.

 

Столтенберг повторно се изјасни критички за анектирањето на Крим, за кибер – нападите и хибридните акции на Русија со цел „слабеење на демократските институции на Западот”. НАТО одговори на ова пропорционално, зајакнувајќи ја колективната одбрана, истакна тој

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи