ДОМИНАЦИЈА: Шпанците освоија 12 од 13 трофеи во Европа!

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанската доминација во европските натпреварувања е навистина застрашувачка, а беше продолжена со триумфот на Атлетико Мадрид против Марсеј во вчерашното финале од Лигата на Европа.

 

Ниту една лига не може да се мери со клубовите од Ла Лига.

Податоците кои ќе ви ги претставиме потврдуваат дека Примера во последните години го надмина она што беше Серија А во 90-те и подоцна Премиер лигата.

 

Од сезоната 2013/2014 шпанските клубови дури осум од девет пати ги освојувале трофеите во Лигата на Европа и Лигата на шампионите. Единствениот клуб кој во тој период ја расипа шпанската забава во Европа беше Манчестер Јунајтед со минатогодишното освојување на Лигата на Европа.

 

Ако одиме понатаму, шпанските клубови освоија девет од последните 15 во Лигата на Европа, седум од последните 12 во Лигата на шампионите и 10 од 15 Суперкупови, помеѓу кои осум од последните девет.

 

Манчестер Јунајтед е единствената екипа која не доаѓа од Шпанија и која освоија еден од последните 12 европски трофеи: Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Суперкуот.

 

Да не заборавиме и дека нова потврда за шпанската супериорност може да дојде веќе идната сабота во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе играат Ливерпул и Реал Мадрид.

 

Финалињата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа во последните пет сезони:

 

Лига на шампиони

2013/14 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 4:1

2014/15 Барселона – Јувентус 3:1

2015/16 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1 (2):1

2016/17 Реал Мадрид – Јувентус 4:1

2017/18 Реал Мадрид – Ливерпул

 

Лига Европа

2013/14 Севиља – Бенфика 0 (1):0

2014/15 Севиља – Днипро 3:2

2015/16 Севиља – Ливерпул 3:1

2016/17 Манчестер Јунајтед – Ајакс 2:0

2017/18 Атлетико Мадрид – Марсеј 3:0

 

Извор: Спортски.мк

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи