Меркел: Постигнат е значителен напредок во преговорите за името

Facebook
Twitter
Email
Print

Германската канцеларка Ангела Меркел ја започна завршната конференција за медиумите, по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, со прашањето и проблемот околу името и потврди дека Македонија и Грција постигнале напредок во решавањето на истото и за тоа добила потврда од двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

 

„Разговорите меѓу Македонија и Грција напредуваа добро и направен е значителен напредок. Прашањето за името за Македонија е важно“, изјави Меркел.

 

Во врска со одлуките за проиширување на ЕУ, таа рече дека денеска немало одлука и дека тоа прашање се останува за европскиот самит во јуни, но додава дека сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива.

 

„Нема датум за проширување. Но секако бараме владеење на правото и борба против корупција, а потребен е и суштински напредок кај земјите“, рече Меркел.

 

На прашањето дали Германија во јуни ќе поддржи почеток на преговори со Албанија и Македонија, Меркел рече дека Македонија и Албанија секој ден напредуваат во исполнување на условите, особено тоа е случај со Македонија околу името.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи