ВИДЕО – СДСМ : За 12 години криминална власт Тутунски Прилеп направи загуба од околу 150 милиони евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Криминалното менаџирање на Тутунскиот комбинат Прилеп, од страна на директорите што лично ги именуваше Никола Груевски излегува на виделина. Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД Тутунски комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев, поради сомение за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Рекоа на денешната прес конференција од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Екс директорот Дерменџиев во текот на 2013 и 2014 година набавил над 110.000 килограми тутун од индиско потекло, без одлука на управен одбор и без да склучи договор со добавувачот.

 

И покрај тоа што пред приемот на тутунот, соодветни лица утврдиле дека тутунот отстапува од дадени критериуми за квалитет, директорот ја прифатил понудата и исплатил околу 16 милиони денари. Набавениот тутун останал да скапува во магацините на комбинатот и не бил искористен при извозот на режан тутун во Албанија.

 

Со ваквите дејствија пријавениот Дерменџиев предизвикал материјална штета на комбинатот од околу 16 милиони денари. Надлежните органи треба да откријат дали некој остварил корист од ваквата набавка на тутун, бидејќи Тутунскиот комбинат очигледно претрпил голема штета.

 

Почитувани граѓани, ова се само дел од причините зошто Тутунскиот комбинат Прилеп, од некогашен гигант се претвори во обичен откупен пункт за тутун. Вака се раскрчмуваше имотот на комбинатот, се туркаше вредноста на капиталот и акциите што ги поседуваа вработените. Во 12 години криминална и коруптивна власт на Никола Груевски, комбинатот направи загуба од околу 150 милиони евра. Надлежните институции ќе имаат полни раце работа, но правда мора да има.

 

Наспроти ваквото криминално работење на ВМРО-ДПМНЕ, новата власт предводена од СДСМ го закрепнува финансиското работење на Тутунскиот комбинат и работи на задоволување на интересите на тутунарите. Се исплаќаат зголемените субвенции за 2017 година, и тоа во време кога им се најпотребни на тутунарите. Парите се враќаат во рацете на земјоделците, задоволни производители на тутун е врвен интерес на владата предводена од СДСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи