Исчезна Саудискиот престолонаследник, се шпекулира дека принцот е убиен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Речиси еден месец нема ни трага ни глас од престолонаследникот на Саудиска Арабија Мухамед бин Салман, пренесе Спутник. Како што пишуваат некои ирански медиуми, принцот може да бил убиен за време на наводниот обид за државен удар кој се случи минатиот месец.

 

Според пишувањето на персискиот весник „Кејхан“, во извештајот на тајната слуба, кој е пратен на високи функционери на неименувана арапска држава, се наведува дека Бин Салман е застрлан со два куршуми во текот на нападот на неговата палата на 21 април.

 

Весникот додава дека тој најверојатно е мртов, бидејќи од тогаш не се појавил во јавност.

 

Да потсетиме, таа мистериона ноќ се слушнале рафали и детонации на територијата на кралската палата. Според официјалната верзија, наводно обезбедувањето пукало на дрон играчка. Но, сепак признале дека кралот Салман и принцот престолонаследник се евакуирани во воен бункер.

 

На снимки објавени на социјалните мрежи се стекнува впечаток дека многу луѓе го соборувале дронот и тоа со цел арсенал пешадиско оружје. Силни детонации одекнувале подолго од еден час, што веднаш предизвика сомнеж во вистинитоста на официјалната верзија.

 

Во меѓувреме, за време на исчезнувањето на принцот, Саудиска Арабија не водеше ништо помалку активна дипломатска политика од порано. Додека престолонаследникот на себе ја презеде целата надворешна политика, а и внатрешната, сето ова време гледаме како актуелниот и болен крал Салман прима странски гости.

 

Тоа се виде и при средбата со американскиот државен секретар на САД Мајк Помпео, кого го прими кралот Салман.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи