ВИДЕО – Мистеријата на Македонската Помпеја – Што кријат ридовите кај Стибера ?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Археолошкиот локалитет Стибера кај Прилеп уште се нарекува и Македонската Помпеја. Според бројот на ефеби ( ученици ) кои учеле во гимназионот Стибера броела околу 20.000 жители, што во денешни рамки би било еквивалент на голема метропола.

 

Градот постоел од 3.век п.н.е. па до 4 од н.е. и тоа е еден уникатен антички град кој допрва чека да биде откриен.

 

Но за жал од градот не се откриени ниту 5 проценти. Највредното нешто би било пронаоѓањето на некрополата. Во Стибера досега се откриени 30-тина мермерни скулптури. Иако Стибера е на ранг на Хераклеа, Стоби или Скупи, таа е запоставена во однос на нив и за нејзино истражување годишно се одделуваат малку пари.

 

Под овие ридови се наоѓаат театар, храмови и други импозантни објекти кои допрва се чека да бидат откриени. Стибера со својата мистика и понатаму ќе продолжи да ги привлекува археолозите, туристите, но и дивите копачи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи