Големи емоции на „Камп Ноу“, Иниеста и кажам збогум на Барселона

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Андрес Иниеста синоќа го одигра последниот натпревар во кариерата во дресот на Барселона. Победата од 1-0 против Реал Сосиедад му беше посветена токму нему, како и цела шампионска прослава на „Камп Ноу“.

 

Шпанецот очекувано беше емотивен, бидејќи повеќе од две децении беше дел од овој клуб. Со солзи во очите тој го одржа и последниот говор како фудбалер на Барселона.

 

„Денес е навистина тежок ден, но претходно имав фантастични 22 години. Ми беше задоволство и горд сум што го претставував и бранев овој грб, кој за мене е најдобриот во светот. Им благодарам на сите мои соиграчи, многу ќе ми недостигаат. Благодарам и до сите навивачи, за љубовта и за се останато што ми го даваа откако дојдов тука како дете, а сега си заминувам како маж, засекогаш ќе бидете во моето срце. Оваа недела останав без зборови, да завршам, да живее Барселона, да живее Каталонија, да живее Фуентеалбија“, рече Иниеста.

 

Откако сите заминаа, Иниеста остана на Камп Ноу и до 1:30 часот сам седеше на теренот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи