Меси ја освои рекордната петта „Златна копачка“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси повторно ги помести границите во фудбалот. Откако прв успеа да стигне до пет „Златни топки“, сега ѕвездата на Барселона стигна до пет „Златни копачки“.

 

Меси до ова признание дојде откако оваа натпреварувачка сезона ја тресеше мрежата 34 пати на 36 одиграни натпревари во шпанскиот шампионат, што беше доволно не само да биде најдобар стрелец во Шпанија, туку и воопшто во Европа со вкупно 68 поени.

 

Напаѓачот на Барса, успеа да му избега на играчот на Ливерпул, Мухамед Салах кој успеа да постигне 32 погодоци (64 поени) и на Хари Кејн од Тотенхем кој постигна 30 погодоци (60 поени).

 

Во последните девет сезони, Меси само еднаш не беше меѓу најдобрите двајца европски стрелци. Аргентинецот ја освојуваше „Златната копачка“ во 2010, 2012, 2013, 2017 и годинава. Ниту еден друг фудбалер ја нема освоено оваа престижна награда петпати.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи