ВИДЕО – „Глупа заебана птица“ е новата претстава на „Чин 4 Сцена 5“ која ќе биде прикажана во среда

Училиштетот за театар од Прилеп, „Чин 4 сцена 5“, во среда во 20 часот во домот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја одржи премиерата на претставата со доста провокативно име „Глупа заебана птица“. Зошто е избрано токму ова име и што ќе се случува во претставата, повеќе ќе ни открие режисерот на оваа престава Саша Нацевски.

 

 

Саша зошто баш едно вакво провокативно име, што претставува тоа ?

 

Претставата „Глупа заебана птица“ е модерна адаптација на чеховиот „Галеб“ и таа условно речено современа транскрипција ни ја преставува токму таа глупа заебана птица, со која Чехов ја нарекол својата драма. Глупата заебана птица сме всушност сите ние. Како што се кажува во самиот текст, ние сите сме како галеби, кои ги сметаат како стаорци на небото, кои само, да употребам повторно провокативност, серат на луѓето и не им е гајле за ништо и се грижат само за себе и за своите малечки. Токму заради тоа ние решивме оваа современа адаптација да ја поставиме на сцена со цел уште еднаш да ги отвориме оние егзистенцијални прашања кои постојано како театар ние ги отвораме.

 

Со кои проблеми се соочува нашето општество што сакате да ги претставите?

 

Во оваа претстава пред се се занимаваме со самозалажувањето, односно со маските кои ние секојдневно ги ставаме за да можеме да го преживееме денот, односно со чувствата кои што ние ги глумиме и толку многу ги глумиме тие чувства што почнуваме да веруваме во нив. Туак во нашата претстава имаме и еден доктор, кој што вика: „мене ми е смачено да бидам доктор, сите тие пациенти, ми се гади од нив, но сепак јас морам да продолжам да живеам, морам да ставам секојдневно маска на доктор и да ги лечам тие пациенти“. Имаме љубовен четириаголник, кој што и покрај тоа што љубовта не е возвратена, ние упорно трчаме по таа личност сè додека таа личност не остави еден трагичен белег во нашето срце, но сепак ние повторно се залажуваме дека таа личност ќе нè сака нас. И токму со тоа се занимаваме во оваа претстава, ја бараме потрагата по смислата на животот. Дали смислата на животот е да бидеш свој, или пак да ги ставаш тие маски во животот, односно да се адаптираш на околностите кои ти ги налага, или пак тоа е некоја средина помеѓу двете. Го поставуваме тоа прашање.

 

Дали некогаш може да функционираме без маски?

 

Ако почнеме да функционираме без маски мислам дека општеството би се распаднало за 24 часа. Би настанал еден општ хаос во кој секој пред сè би си го кажувал своето мислење и пред сè би го кажувал мислењето на луѓето без страв од некои репрекусии, дали ќе ги повреди или дали ќе се случи таканаречен ефект на пеперутката, каде ќе се пренесе тоа чувство. Мислам дека маските ни се неопходни, но не ни се суштествени, не треба да ни се суштествени. Маската завиткана во лик на интелегенција е тоа што всушност ова современо општество за жал мора да го прави.

 

Освен оваа претстава, училиштето за театар „Чин 4 сцена 5“ што го очекува во наредниот период?

 

Значи освен премиерата на „глупа заебана птица“ која што е на 23-ти, на 25-ти имаме завршна претстава на средната „В“ група при училиштето, која ја нарековме како се гледа претстава, која што е составена од неколку делови монолози и интерпретативни танци и едночинка која се вика „Правилно однесување на публиката“, со која што ние всушност ја пресликуваме публиката како се однесува на една претстава, со сите нејзини карактеристики. Влезени сме во конкуренција и на 55. Драмски аматерски фестивал во Кочани со претставата „600 613 каде ми се другарите“. Настапуваме на 30 мај во 20 часот и се надеваме дека достојно ќе се преставиме пред кочанската публика.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи