Зоран Заев ослободен од обвинението во случајот „Поткуп“

Facebook
Twitter
Email
Print

Зоран Заев не е виновен во случајот „Поткуп“. Кривичниот суд не пронајде вина и донесе ослободителна пресуда за барање мито додека Заев ја водеше Струмица.

Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од над 160 илјади евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев го сторил делото.

Трауматичен е моментот, но сум среќен заради тоа што добив ослободителна пресуда. Среќен сум поради тоа што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда. Му го посакувам тоа на секој граѓанин во Република Македонија при независно судство, во транспарентни постапки како што беше мојата за предметот „Поткуп“, изјави Зоран Заев.

Тој побара од институциите јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и рече ако му ја достават, тој самиот ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп.

„Сè што сум правел во Струмица беше транспарентно. Апелирав да донираат, да бидат пример за граѓаните“, рече Заев.

 

Во врска со изјавите на Никола Груевски кој зборуваше дека Заев ќе биде ослободен, а тој осуден во случајот „Тенк“, Заев искоментира дека Груевски едно време бил добар познавач на судството, но дека сега веќе е истото судство, што тој го контролирал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи