Бежоска ја презеде функцијата гувернер на НБРМ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

И официјално Македонија ја доби првата дама гувернерка која ќе треба да ја управува Централната банка. Следните седум години, НБРМ ќе биде предводена од првата жена – гувернер, Анита Ангеловска Бежоска која од мнозинството во парламентот,  беше избрана за прв човек на оваа, со закон дефинирана, независна институција.

 

Анита Ангеловска Бежоска доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија и според Иванов е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

 

Таа има деветнаесет  години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии.

 

„Пред мене стои предизвикот за продолжување со спроведување на успешна и независна монетарна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка, а тоа се ценовната стабилност за која што сметаме дека е најдобриот придонес кој што може да го даде во општеството и тоа преку стратегијата на одржување на стабилен девизен курс на денарот“, посочи Ангеловска-Бежоска.

 

Претходно, Богов си се пофали со сработеното во изминатите седум години. Се соочил со тешки моменти, но успеал да ги постигне двете клучни цели на банката, ценовна и стабилност на банкарскиот сектор.

 

„Најлошиот момент, комбинацијата на политичката криза во 2016 година и оној јас би го нарекол шпекулативен напад врз домашната валута и банкарскиот сектор, но тоа беше и голем предизвик за нас и голем тест, го поминавме успешно“, истакна Богов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи